Боробудур

30 август, 20110
borobudur_panorama

На островот Јава, храмот Боробудур е наречен боженствен брег. Всушност станува збор за брдо кое е покриено со масивни камења, а не за некоја одвоена, осамена градба. Кога во чест на Буда во 7-ми век е создадена оваа градба со најголеми димензии, овој најголем храм во Азија, будизмот на индискиот потконтинент веќе бил во опаѓање.

Во ова време, островот на Малајскиот архипелаг се приклучил на нова вера. Настанати се голем број храмови кои биле посветени на Буда – само на Јава можело да се најдат 150 вакви градби. Поголемиот дел од нив веќе одамна се напуштени.

Ова се случило и со боженствениот брег во Боробудур. Откриен е повторно во 19-ти век. “Денес може да се види за какво неверојтно дело всушност се работи“, го забележал некој патник, кој кон крајот на 19-ти век пристигнал на Јава.

Се издигнува на четири правоаголни тераси, на кои се поставени кружни скали, кои се издигаат до висина од 35 метри. Шестата тераса била дополнително поставена. На прв поглед збунува големата разновидност на градбата. Потиснатата пирамида, чија најниска тераса има 111 метри должина на страните, остава впечаток на тешка и потонета маса.

Историчарот на уметност Фушер, по првата посета на Борободур заклучил дека од камените пирамиди не може да се види највисоката платформа и врвот на храмот, но и спротивно, невозможно е од највисоката точка да се види најдолната тераса. Овој лош изглед, кој се сведува на полукружен облик на градбата,Фушер го смета како грешка на градежниците.

Дали конструкторите на Борободур навистина лошо си ја завршиле својата работа? Ова мислење се задржало подолго време, но подоцна е пронајдено во науката за будизмот. Градежниците свесно го граделе овој храм во ово облик, оние пет тераси очигледно мора да симболизираат, пет скалила кои треба да се поминат за да се дојде до внатрешниот мир и прочистување – ослободување од лоши мисли, зли намери, мрзеливост и сомнежи. Највисоката платформа сликовито го прикажува душевниот мир, ослободување од бескрајно кружно патување на мирот и спокојот, состојба на апсолутна независност од светот, која за оние кои ја постигнале е како некое необјасливо надприродно чувство.

Влогот при изградбата на овој храм морал да го засени, неизмерниот работен напор кој бил потребен за да се изградат египетските пирамиди. Непознатите господари на градбата во Борободур потрошиле несразмерно повеќе труд на уметничко украсување на својот храм. Ѕидовите на терасите се украсени со 1.400 слики од камења, кои може да се наредат во едн релјефна пруга долга 6 км.

Вдлабнатините со киповите од Буда, кои достигнуваат бројка од 432, ја прекинуваат таа камена историја на будизмот. Главниот кип на Буда не е довршен. Борободур потонал во прашума пред да биде завршен.

Се зборува дека оваа огромна градба на храмови само неколку години или децении служела за обреди. Околу 900 год. во Средна Јава немало живот. Нема никакви докази од тешки природни катастрофи или тешки заразни болести од тоа време. Теорија за која многу се зборува, е дека жителите на Средна Јава побегнале пред да бидат принудени, вермето и силата да ја жртвуваат за изградбата на храмот.

“Можеби лудите кралеви година за година ги присилувале селаните да носат тешки камења и прдмети потребни за изгрдбта н храмот кои воедно ќе треба да ги обработуваат, сложуваат и подигаат?!”, вели А.Е. Јохан во својата книга за  Индонезија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi