Брачен пар реши да умре заедно… Штрајкуваа со глад и жед! Е тоа е љубов!!!

popara21 август, 20111min00
bracen par

Букет рози или бонбониера со чоколатца повеќе не е знак на љубов… Сега вистински фраер си ако одлучиш да престанеш да јадеш и пиеш, со цел да си умреш со саканата.

Арнолд и Дороти Рудолф од Ново Мексико, САД, решиле да престанат да внесуваат храна и вода со цел заедно да го напуштат овој свет, и со тоа да ја крунисаат 69-годишнината од нивниот брак.

Нивната желба се исполни. Арнолд почина на 92 годишна возраст, додека неговата сопруга Дороти, која умре само ден по нејзиниот маж, почина на возраст од 90 години.

Двајцата брачни другари биле тешко болни. Арнолд имал проблеми со ’рбетот, додека неговата сопруга била неподвижна. Нивниот син Нил вели дека неговите родители не сакале да бидат товар на никого, ниту пак да се мачат во староста.

Според стручните лица, нивната смрт била релативно безболна, бидејќи по одредено време повеќе не чувствувале ниту глад, ниту жед.

Оваа тажно-романтична приказна докажува дека постои вистинска љубов која може да трае вечно. Се надеваме дека Арнолд и Дороти се некаде заедно во рајот и уживаат во вечноста!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma