Брага – Бенфика 1:0 (1:0)
Кустодио 19′
Виљареал – Порто 3:2 (1:1)
Кани 17′, Капдевиља 75′, Роси 80′(пен) – Хулк 40′, Фалкао 48′
Фудбалерите на Брага направија големо изненадување со пласманот во финалето од Лигата на Европа, откако на свој терен ја совладаа Бенфика со 1:0, па поради погодокот постигнат на гости на првиот меч (2:1) одат во Даблин.
Единствениот гол на мечот е дело на Кустодија, кој по корнерот беше највисок во скокот и со убав удар со глава ја смести топката во мрежата на противникот.
По резултато од 1:5 од првиот меч Виљареал одигра само за чест на реваншот со Порто. “Жолтата подморница” триумфираше пред своите навивачиво интересен натпревар на кој беа постигнати пет погодоци. Домаќините рано поведоа, но наместо да постигнат уште еден погодок пред одморот, Порто среќно дојде до израмнување откако Хулк шутираше, а топката од Мусаки се одби и потполно го промени правецот за израмнување.
Тоа малку ги поколеба домаќините кои примија уште еден погодок, но до крајот на мечот сепак се консолидираа и успеаа да постигнат уште два гола и така навивачите на “Мадригал” барем да ги израдуваат со победа.
Во финалето кое ќе се одигра на 18. мај на “Даблин Арената” ќе се сретнат Порто и Брага.