Последните неколку недели во естрадните кругови во Хрватска се врти гласина дека Тони Цетински(42) после 12 години љубов и 4 години брак, одлучил да се разведе од сопругата и менаџерка Ивана Нобило Цетински(35).
Ниту музичарот, ниту Ивана не одговараат на новинарските прашања, но нивната PR менаџерка Снежана Јеркович сепак проговорила.
-Приватните настани, нивната венчавка, раѓањето на ќерката, крштевката, годишнини и слично, Тони и Ивана секогаш ги сметале како дел од својата интима, па ни овој интимен момент не сакаат да го споделат со медиумите. Сепак, можам да ви потврдам дека Цетински не се разведуваат. Вистината е дека брачниот пар одлучи да живее раздвоено. Одлуката ја донесоа со компромис и во пријателска атмосфера а до одлуката не дошле поради трета личност. Приватниот живот нема да влијае на нивната успешна деловна соработка, која и понатаму ќе продолжи- изјави Јеркович и со тоа потврди дека Ивана со ќерката Пија, останале да живеат во семејната куќа, додека Тони моментално живее во станот што го поседуваат во стариот дел на Загреб.
Блиски пријатели на парот, сведочат дека Тони и Ивана во јавност не оставаат впечаток ниту дека се скарани. Брачната криза ја објаснуваат со деловната и приватна поврзаност, што ги довело до заситување, па одлучиле малку да се одморат еден од друг. Но поради тоа не престанале да излегуваат заедно. Минатиот четврток Ивана го пратела Тони на концерт каде што тој настапувал. Истата вечер се видени на вечера заедно со неколку пријатели во еден загребачки рибен ресторан. Исто така заедно го спремаат новиот албум, а наводно резервирале и заеднични дочек на новата 2012 година.
Нивната врска, а подоцна и бракот беше пратена од многу шпекулации за наводни неверства, сепак брачниот пар Цетински цврсто стоел во одбрана на нивното семејство. Како ќе заврши оваа брачна криза е тешко да се каже, но пријателите на семејството Цетински се надеваат дека ќе успеат да ги надминат несогласувањата, зашто се премногу добар пар Тони и Ивана за да го фрлат сето тоа што го имаат во вода.