Вчера можеби таа живееше живот на висока нога, и од хеликоптер го набљудуваше Лондон, но денес Анџелина Џоли шеташе со своето семејство по улиците на Лондон и беше да им купи по некој велосипед на децата.
Откако Бред Бит ја прифати улогата во “World War Z”, целото семејство се пресели во Лондон. И додека Бред снима, Анџелина се грижи за семејството и нивниот моментален дом.
Овој пат тие биле видени како купуваат велосипеди од една лондонска продавница. Бред и Анџелина биле со своите четири деца, додека останатите две биле во домот затоа што се премали за да добијат велосипед.
Анџелина вообичаената црна боја ја замени со бела, и овој пат излезе во бела комбинација, а Бред си остана достоен на својот стил.