Полу-братот на Барак Обама присуствувал на саемот на книгата во Шангај, каде што давал автограми и ја промовирал својата полу-автобиографска книга “Од Најроби до Шензен”, изјавиле во четвртокот организаторите на настанот.
Марк Ндесандјо работи како консултант во јужниот кинески град Шензен, но истовремено се занимава со пишување, и ангажмани во хуманитарни проекти. Тој во средата се појавил на редовниот годишен саем на книгата во Шангај, каде го потпишувал кинеското издание на неговата книга, вели организаторот Гуо Јингјанг, известува АП.
Книгата е во форма на дневник, а во неа се пишува за насилниот однос на еден родител, алудирајќи на неговиот татко Кениец.
Мајката на Марк била трета жена на Обама сениор, таа била американка. Таа подоцна се развела од Обама сениор, кој во 1982 година загинал во сообраќајна несреќа , имал само 46 години.
Марк, кој е државјанин на САД, поминал поголем дел од детството во Кенија пред да се пресели во САД за да учи од областа на телекомуникациите и маркетингот.
Тој во 2001 година се преселил во градот Шензен, Кина. Марк обично избегнува публицитет.
Во мемоарите на Обама, “Соништата на мојот татко,” американскиот претседател, пишува за неговиот живот без татко, во потрага по идентитет.