Бразил ја надмина Велика Британија, стана шесттата економија во светот!

popara27 декември, 20111min00
129338

За прв пат една економија од јужноамериканските држави е појака од онаа на Велика Британија, која сега се најде на седмото место во светот.
Бразил ја собори Велика Британија од шесттото место на најголеми економии во светот. Ова е прв пат некој Британија да заостанува зад некоја јужноамериканска држава.
Во изминативе неколку години Бразил стана генератор на глобалната економија и постојано бележи пораст, како и големиот број природни ресурси и нивни резерви како што е златото, среброто, нафтата и минералите од Амазон. Бразил бекежи и брз раст на богатството на средната класа.
Во исто време, Британија пак се обидува да се извлече од канџите на националниот долг и недостатокот на банкарските кредити. Таа падна за едно место подоле, пред се поради економската криза во земјата, кризата во еврозоната и трговските односи на континентот, како и во последно време се полошите односи со Франција.

Најголемите економии во светот:

1. САД
2. Кина
3. Јапонија
4. Германија
5. Франција
6. Бразил
7. Велика Британија
8. Италија
9. Русија
10. Индија

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag