Бред Пит: Како стареам, така ми се зголемува цинизмот! Многу јасно, парите ги менуваат луѓето :)

popara22 декември, 20111min00
Brad Pitt Attends The Press Conference For Moneyball

Бред Пит вели дека низ годините му се менува начинот на размислување за светот. Актерот кој со партнерката Анџелина Џоли одгледува шест деца веќе нема толку ентузијазам како во младоста и на животот гледа многу пореално.

“Бев многу повеќе оптимист и наивен кога бев млад и кога дојдов во Лос Анџелес со само неколку стотици долари во џебот и кога прифаќав било каква работа која успевав да ја најдам. Со текот на времето стнував се поголем циник и многу реален во поглед на животот. Го изгубив ентузијазмот и искреноста од почетокот”, вели 47 – годишниот актер.

Бред објаснува дека можеби му се вратил ентузијазмот кога добил деца:”Тоа што сум татко и дел од едно прекрасно семејство ме врати мене во изгубениот дух, но и понатаму го имам тој реален поглед на светот”, вели Бред, кој не се залажува со илузии ниту во работата ниту во приватниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma