Бред Пит се продава самиот себе си !?! Купено!!! :)

9 ноември, 20110
FP_IMAGE_3881370/FP_SET_3879150

Холивудскиот глумец Бред Пит се ставил самиот себе на продажба на сајтот за онлајн лицитации eBay, со што би бил во можност да собере пари за хуманитарни цели. “Купувачот” кој би дал најдобра понуда ќе може да се запознае со популарниот глумец и со него да пројде извесно време во разговор.

Средбата ќе биде организирана во Луизијана, затоа што Пит планира средствата што ќе ги собере да му ги поклони на градот Њу Орлеанс, кој во 2005 бил разурнат во налетот на ураганот Катрина. Глумецот сака да му помогне на здружението “Make it Right” кое гради куќи за тие кои ги избуиле во налетот на ураганот.

Најдарежливата личност на лицитацијата ќе може да се ракува со Бред Пит, да разговара со него и да помине 2 дена во хотелот Хајат. За жал, сиромашните обожаватели на холивдуската звезда нема да можат да си го дозволат тоа задоволство, бидејќи почетната цена изнесува 10.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *