Бред Пит одлучи да си земе сувенир од снимањето на новиот филм “World War Z”. На познатиот глумец толку многу му се допаднал еден руски тенк Т-54 кој бил користен за време на снимањето, па одлучил да си го купи. Тенкот од советската ера е веќе на пат за Лос Анџелес каде ќе биде однесен на имотот на Бред. Не е познато што мисли за новата играчка Анџелина, но неговите деца најверојатно ќе бидат воодушевени. Тенкот на Бред е произведен во 1947 година и бил дел од вооружените сили на советската војска.
Бред пред неколку денови имал проблеми со полицијата поради оружјето кое се користело во филмот. Оружјето било доставено со документација дека е надвор од функција, но испаднало дека оружјето се уште функционално. Поради тоа специјалната полиција влегла во складиштето на филмскиот сет, што многу го налутило Бред. “Филмот го надмина буџетот и предолго се снима, Бред е бесен”, рекол работник на филмскиот сет. Оружјето е запленето и за среќа властите не го обвиниле Бред, туку продуцентите.