Судот одлучи: Mонструмот во изолација!

25 јули, 20110
74977

Андрес Бехринг Бреивик, осомничениот за два напади во Осло и околината во кои погинаа повеќе од 90 луѓе на првото појавување пред судот, притворот му е продолжен за осум недели, а сослушувањето беше затворено за јавноста.

Судот, исто така одлучил, Бреивик да помине четири недели во потполна изолација.

Бреивик побарал расправата да биде отворена,подготвил говор за таа пригода и сакал да облече униформа, планирајќи појавувањето пред судот да го претвори во претстава со јавно објавување на остри анти-муслимаски  ставови.

Пред судот се собрале голем број новинари и граѓани, а сослушувањето траело околу 35 минути.

Бреивик е осомничен дека во петокот убил најмалку 86 луѓе во младински камп на владејачката Лабуристичка партија во близина на Осло, како и претходно во текот на денот во центарот на главниот град, во близина на зградата на владата, предизвикал експлозија во која загинаа седум луѓе.

Тој ги обвинува левичарите дека ги фаворизирале мултикултурализмот на сметка на норвашката култура.

“Врз основа на информации за случајот, судот смета дека расправата треба да се одржи зад затворени врати … Постојат посебни информации дека јавна расправа во присуство на осомничениот кој брзо може да се претвори во една необична и многу тешка ситуација во однос на истрагата и безбедноста”, според објавувањето на судот, судот призна дека во овој случај постои потреба за транспарентност , бидејќи во спротивно ќе ги промени аргументите на новинарите околу одлуката за затварањето на расправата, но тоа не беше возможно од “практични причини”.

Агенцијата AP, напоменува дека е необично сослушувањето да биде затворено за јавноста, уште предистото да започне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi