Синојка се оддржа доделувањето на Brit Awards, каде беа прогласени најдобрите британски и странски изведувачи, песни, пендови и албуми. Наградта за најдобар британски бенд, за најдобар кам бек на сцената ја зема бендот Take That, кој се реобедини, откако се разделија во 1996 година. За најдобар британски машки изведувач беше прогласен План Б, а најдобра пејачка Лаура Марлинг. За најдобар дебитант беше прогласена Тини Темпах, а исто така ја зема и наградата за најдобар сингл Pass out. Додека пак најдобри странски изведувачи, кои земаа награди се: Ријана, за најдобра пејачка, Си Ло Грин за најдобар пејач а најдобар дебитант Џастин Бибер.