Британка секое утро се буди и мисли дека е мало девојче

8 јуни, 20110
Untitled-1
Британка која пред два месеци доживеала сообраќајна несреќа, по која не се сеќава на последните пет години од животот се однесува како тинејџерка и понекогаш како дете, пишува хрватски “24 часа“, пренесува НетПрес.
Аманда Ричардс (32) неодамна доживеала тешка сообраќајна несреќа, а како последица на тоа не може да се сети на одредени делови од нејзиниот живот. Секој ден се буди мислејќи дека е дете, а понекогаш мисли дека е во тинејџерски години. Во болница била два месеци заради својата состојба, а не се сеќава на ништо од последните пет години од својот живот.
Лекарите велат дека жената боледува од пост трауматска амнезија и затоа не може да сети на ништо. Не се сеќава на смртта на нејзиниот брат, а понекогаш не знае ни како се вика. Нејзиното семејство стравува дека нејзиниот мозок никогаш нема да опорави.
“По несреќата Аманда ме препозна само мене. Целиот живот користам ист парфем, заради кој и ме  препознала. Во еден момент се однесува како дете,  а некогаш мисли дека има 16 или 18 години. Понекогаш зборува за патување на Хаваи, каде била пред осум години“, раскажувала нејзината мајка Кристин Џонс, додавајќи дека нејзината ќерка не се сеќава ни на смртта на нејзиниот брат, кој починал пред пет години. Таа вели дека биле премногу блиски, а постои можност Аманда повторно да се соочи со неговата смрт.
Британката се опоравила по сите физички повреди кои ги добила по несреќата, а лекарите се’уште не знаат дали ќе се врати нејзиното памтење.
“Стравуваме дека судбината на Аманда ќе биде како судбината на девојката од филмот “50 први бакнежи“ во која и’ се враќа меморијата, но не може да се сети што било претходниот ден“, додала мајката на Аманда.
Полицијата соопштила дека уапсиле едно 17- годишно момче и 40- годишна жена кои биле во автомобилот кој ја удрил Аманда на 27 март. Ги пуштиле на условна казна, а по испрашување на сведоците ќе се одлучувало за понатамошната постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *