Следна година дефинитивно ќе тргнам по поинаков пат и малку ќе одморам од пеењето. Се гледам во улога на детектив, убиец или лоша девојка, изјавила Бритни Спирс (29).
Пејачката, по речиси десет години повторно планира да се испроба како актерka. Првата улога и била во 2002 година во филмот “Crossroads”, кој добил лоши критики, а Бритни ја добила Razzie Award наградата за најлоша актерка. После тоа Бритни немала некоја позначителна улога во филмски проекти.
Пејачката неодамна ги разочарала своите фанови во Велика Британија со нејзината турнеја “Femme Fatale”. И покрај тоа што било предвидено да пее во живо, Бритни очигледно пеела на плејбек. Поради слабиот интерес цените на билетите биле многу намалени, а Бритни пеела во полупразни сали.