Што би била Бритни Спирс денес ако не беше поп-звезда? Учителка! Во интервјуто за “PopJustice.com”, 29 годишната мајка на две деца отворено зборува за изборот на кариера што би го направила доколку не се здобиеше со меѓународна слава уште на рана возраст.
“Веројатно би била учителка. Ги сакам децата, ете и во она што го работам денес најголемо задоволство ми представува делот кога се среќавам со моите фанови пред шоуто особено оние најмалите. Секогаш се толку слатки! “
“Би се специјализирала во читање и историја”, вели таа, додавајки дека нејзиниот омилен историски период е 1920 година.
Нејзините синови Шон Престон( 5 )и Џејден (4) се нејзините врвни приоритети.” Јас сум многу силна во начинот на кој ги подигам моите деца, и да не би била позната тоа најверојатно би било прилично исто. “
Ако било кој од нејзините синови некогаш посака да продолжи со слична кариера таа би им дозволила да ги следат нејзините чекори. Јас дефинитивно би внимавала на нив, но ако тоа е она што го сакаат, би ги оставила да ги следат своите соништа.
“Не би сакала да навлезат во ништо со страв, но исто така никој не може да ве погодготви за оваа индустрија и очекувањата од неа. Јас само ќе треба да верувам во тоа дека тие ќе имаат инстинкт да проценат што е правилно и што не, да им бидам водич по патот, бидејќи мислам дека имам доволно искуство.”