Брука! Вандализиран најстариот масонски храм во светот! „Стоката“ немала друга работа нели!?

17 август, 20110
масон

Шкотската масонска организација „Dalkeith Kilwinning Lodge No. 10 ” тврди дека го има најстариот Масонски храм во светот. Делови од него датираат од 1766. За несреќа, се случила бездушна глупост која нанела сериозна штета. Во вторникот, крадци се искачиле на покривот и ги откорнале керамидите.

Штетата предизвикана од целиот вандализам изнесува околу 100.000 фунти (160.000 американски долари).

Преземено од Scotsman.com:

Натрапниците исто така го оштетиле детскиот дом што се наоѓал веднаш до организацијата, со тоа што ги исекле и новозасадените дрва.

Благајникот на клубот, Алекс Тарнер, изјавил дека домарот ги открил дополнителните штети минатата среда додека ги проверувал помошните излези при пожар.

Господинот Тарнер, кој живее во Далкајт, изјавил: „Не знам зошто некој би го направил ова, дали луѓето стануваат толку очајни во оваа економска клима? Тие откорнале керамиди кои немаат голема вредност.”

„Притоа, тие го оштетиле покривот и циглите. Детскиот дом кој се наоѓа до нас требаше да има церемонија тој ден.”

„Домарот ги пуштил да влезат и им ги покажал излезите при пожар кога сфатил дека една од вратите тешко се отвара. Таа била блокирана со дел од ѕидната конструкција која паднала од покривот.”

„Дел од зградата датира од 1766 година и е најстариот Масонски храм во светот. Ова е преубава зграда и има многу историја во неа.”

„Јасно е дека направиле голема штета затоа што не знаеле точно што прават”

Постоечките остатоци од организацијата датираат од 1736 година, со создавањето на Големата Ложа на Шкотска.

 

(Да не се мешаме во Шкотските аргументи, но организацијата „Каногејт Килвининг бр. 2” во Единбург исто така тврди дека е „најстарата” Масонска зграда, со Капелата на Св. Џон која се отворила во 1736.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit