Брус Вилис и неговата втора сопруга Ема Хеминг Вилис го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Се очекува Ема да се породи во почетокот на 2012 година. Брус и Ема се во брак од 2009 година, и официално објавиле дека Ема е бремена и дека очекуваат дете, пишуваат странските таблоиди.
“Ние сме навистина среќни и со нетрпение го очекуваме најновиот член на нашето семејство”, стои во заедничката изјава на парот. Вилис веќе има три деца Румер (23), Скот (20) и Талулах (17).
Неколку месеци по свадбата, Брус изјавил дека не е сигурен дали сака да стане повторно татко, но изгледа во меѓувреме сепак одлучил да стане татко и тоа по четврти пат.
Неговата поранешна сопруга Деми Мур во моментов поминува низ пекол, поради неверство на нејзиниот втор сопруг Ештон Качер. Деми и Брус останале пријатели и по нивниот развод.