Во бугарскиот град Пазарџик во централниот дел на земјата, ќе биде направена најголема клупа на светот, јавија бугарските медиуми.
Клупата ќе биде поставена до крајот на месецот, кога се очекува да дојде и претставник од Гинис.
Доколку рекордот биде потврден општината Пазарџик ќе добие 86.000 долари.
На клупата со должина од 1.111 метри, ќе може да седнат 2300 луѓе.