Цар Самоил, основоположник на македонското средновековно царство се родил околу 945 година во Охродската престолнина во областа – Мокра.
Се истакнува како извинреден војсководец, воинствен човек кој не знае да мирува, тиранин, додека во житијата се бележи дека бил со непобедлива снага и со несовладлива моќ.
Во 969 година заедно со своите браќа учествувал во востанието против бугарската власт. Во 973 година бил во дипломатска мисија во Кведлихбургер, кај германскиот цар Отон. После 976 година, учествувал во востанието против византиската власт.
Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на враќање во зседа го начекувале и уништувале. Исто така бил и усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија овозможила македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.
Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле браќата на Самуил. Според Јован Скилица Давид бил убиен кај месноста Убави дабови од страна на Власите. Мојсеј загинал во битка со Византиците под sидовите на градот Сер, а Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби власта за себе со помош на Византиците. Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите членови на неговото семејство со исклучок на Иван Владислав кој бил спасен од Гаврило Радомир. На тој начин Самуил станал единствен владетел (монарх) на целата држава.
По сите овие големи територијални освојувања кон крајот на X век од Рим на Самоил му била дадена согласност за царска круна. Крунисувањето за цар било извршено на свеченост во присуство на Преспанскиот патријарх и преставниците на Папата Григориј и Силвестер, кон крајот на X и почетокот на XI век во царската престолнина Преспа. Круната на македонскиот цар била направена од злато и била украсена со скапоцени камења и бисери. Македонската престолнина и патријаршкиот престол, од Преспа биле преместени во Охрид.
По крунисувањето на Самоил за цар околу 1000 година, Македонското царство прераснало во најмоќна држава на Балканот, која била силен противник на Византиското Царство. Во границите на Македонското Царство влегувале: цела Македонија без Солун и Сер, Тесалија, цела Албанија, Зета, Тавинија, Захумје, Босна, Србија, Срем и цела Бугарија.
Умрел на 6 октомври 1014 година, на 70-годишна возраст, во својата престолнина на островот Преспа. Бил погребан во соборната цркава во Ахил. Самоил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име. Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач.
2 comments
siriussem
1 јуни, 2011 at 20:58
Stvarno , koga ce doznaete deka bil bugarin
mirko
30 мај, 2011 at 14:54
…izvini da Ve prasam :-))) dali ste sigurni deka Samuil e makedonski kral/car ???? :-)))))