Цеца може да има секс само дома

popara10 мај, 20111min00
t
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ од крајот на месецот до јануари идната година ќе  носи електронска алка, која ќе ја земе штом ја добие судската пресуда. Во тој период Цеца ќе може да оди на две до три локации,  а нејзиниот радиус на движење треба да го одреди судот, пишува “Ало“, пренесува НетПрес.
“Цеца ќе живее сосема нормално. Може да прави забави, да има момче, но со него нема да може да има интимни односи надвор од својата куќа, бидејќи радиусот на нејзино движење ќе биде строго контролирано“, објаснува близок пријател на Цеца за “Ало“.
Вишиот суд во Белград вчера го усвои договорот за признавање на вината меѓу српската пејачка, нејзината сестра Лидија Величковиќ и белградското  обвинителство.
Според тој договор, Цеца призна дека противправно присвоила пари од трансферот на 10 фудбалери од ФК Обилиќ во странски клубови и без дозвола поседувала 11 пиштоли, во замена за една година домашен притвор и 1,5 милиони евра парична казна.
Лидија Величковиќ се договорила со судот да признае дека и’ помагала на Цеца во замена за шест месеци куќен притвор.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag