Карлос Тевез прва мета на Реал Мадрид?

10 мај, 20110
PRO_485510_CarlosTevezManU

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да го доведе незадоволниот напаѓач на Манчестер Сити, Карлос Тевез во својот клуб.

Управата на Реал сака да го ангажира квалитетниот напаѓач ова лето, а според некои извори, Тевез е прва мета на Перез. Тој го посакува од поодамна, но неуспеа да го доведе минатите години.

На листата на Перез веќе долго време се наоѓаат Серхио Агуеро и Фернандо Љоренте, но изгледа дека Аргентинецот е ”број 1”.

Мадридѓани ќе имаат конкуренција во Челзи и Интер, но веќе имаат отворена комуникација со “граѓаните” преку случајот ”Адебајор”.

Имено, иако се сметаше дека репрезентативецот од Того ќе остане на ”Бернабеу”, до тоа нема да дојде и Адебајор ќе се врати во Манчестер ова лето.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi