Цеца на обвинителна клупа

popara29 март, 20111min00
1
Вишото јавно обвинителство во Белград покренало обвинение против турбо фолк дивата Светлана Цеца Ражњатовиќ поради сомневање дека од соработниците незаконски присвоила околу четири милиони германски марки и повеќе од три милиони долари од трансфер на фудбалери од ФК “Обилиќ“ во странски клубови, соопштило обвинителството, објавува Танјуг, пренесува Нетпрес.
Обвиненитето е поднесено по осум години истрага, која повеќе пати е проширувана и со кое освен Цеца, обвинети се и нејзината сестра Лидија, поради незаконска продажба на 10 фудбалери. Во обвинителниот акт се вклучени и поранешните раководители во ФК “Обилиќ“ Драгиша Биниќ и Јован Димитриевиќ кои се обвинети поради незаконска продажба на еден играч.
Обвинителството се сомнева дека Биниќ и Димитриевиќ, постапувале по налог на сопственичката на ФК “Обилиќ“, Ражњатовиќ, и дека како одговорни лица во клубот склучиле договор на 2. Јули 2001 во Москва со претставници на московски клуб за продажба на фудбалерот Обрадовиќ.
Милион долари, спрема сомневањата на Обвинителството, биле уплатени на сметката на приватно претпријатие во Бијелина, а потоа парите се предадени на рака на сопствениците на клубот. Остатокот пари се уплаќал преку повеќе приватни сметки во Белгија,  Летонија, Шпанија, Палма Де Мајорка, Швајцарија, и во САД.
Цеца и нејзината сестра се сомничат за незаконска продажба на десет фудбалери, меѓу кои и на Обрадовиќ. Сестрите се теретат дека ја злоупотребиле положбата, преку продажбата на овие играчи, и се стекнале со 4,1 милион германски марки и 3,48 милиони долари. Истрагата против Цеца е покрената уште во април 2003 година поради недозволено држење на оружје, поради што беше уапсена во акцијата “Сабја“, а во вилата во која живее било пронајдено повеќе парчиња огнено оружје.
Обвинителството потоа, поради сомнежите за незаконската продажба на фудбалери, барало повеќе проширување на истрагата и нејзино дополнување, што конечно било завршено во јуни, минатата година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag