Фолк пејачката Светлана Ражњатовиќ треба, по три недели домашен притвор, во вторник 19 јули треба да го напушти домот и заедно со зетот Предраг да седнат на обвинителската клупа во првиот општински суд во Белград.
Таму треба да започне нивното судење под обвинение за насилно однесување кое им се заканува со пет години затвор.
Станува збор за конфликтот кој избувнал пред четри години меѓу Цеца и нејзиниот зет со директорот на ФК Млади Пролетер, Александар Оларевиќ, кој против нив поднесе кривична пријава. Инаку познатата пејачка заедно со својата сестра Лидија, почна со издржубањето казна домашен притвор на 23 јуни. Со пресудата на Високиот суд во Белград, изречена на основа на договор со признанието на Ражеатовиќ, каде таа во замена за една година затвор, реши да даде еден милион евра на државата и домашен притвор, кога призна дека незаконски присвоила пари од трансфери на 10 фудбалери и без дозвола поседувала 11 пиштоли.
Нејзината сестра, призна дека и помагала на Цеца со малверзациите околу трансферите во замена таа доби шест месеци домашен притвор. Тие минатата недела уплатиле 500.000 евра во динарска противвредност на буџетот на Република Србија, од вкупно еден милион кој треба да го исплатат. Втората рата треба да ја платат до 30 декември, а третата во рок од две години. Како гаранција дека третата рата ќе биде исплатена судот ја стави под хипотека куќата на Светлана Ражњатовиќ.