Цеца со кредит ќе си ги откупува криминалните гревови

13 април, 20110
1
Српската пејалка Светлана Цеца Ражњатовиќ (38), која е обвинета за повеќемилионски малверзации со трансфери на фудбалери од ФК Обилиќ, ќе земе кредит за да ја отплати договорената сума со државата во висина од 1,5 милиони евра во готово, во рок од 30 дена, објавуваат белградските медиуми, пренесува Нетпрес.
За подигнување на кредитот, таа под хипотеке ќе ја стави својата куќа, а планира и да ја продаде куќата во Кипар. Српското обвинителство ја товари Цеца за малверзации со продажата на 10 фудбалери во странски клубови, како и за нелегално поседување 11 пиштоли. Според обвинението, таа со сестра и’ Лидија Величковиќ- Оцокољиќ противправно присвоила околу милиони германски марки и повечќе од три милиони американски долари од проджба на фудбалери.
За незаконските трансфери обвинети се и поранешните раководни лица на ФК Обилиќ, Драгиша Биниќ и Јован Димитријевиќ.
Весникот “Прес“, повикувајќи се на сопствени анонимни извори пишува дека, во преговорите меѓу цеца и властите најважна тема била како обвинетата ќе ги исплати парите, со оглед дека тврдела оти нема готовина.
“Имаше предлог да ја продаде куќата во Кипар, или дури и оваа во Белград, но не се знае колку бргу тоа може да го стори. Со оглед дека и се брза, најверојатно ќе земе кредит и ќе ја стави под хипотека куќата, која и остана од Аркан“, објавува весникот изјава на анонимен соговорник од обвинителството.
“Државата, со спогодбаа со Цеца, им отвора врата на сите криминалци во Србија да прават што сакаат, а казните да ги служат во своите велелепни и луксузни вили, што создава огорченост кај граѓаните“, пишува весникот “Ало“.

“Мојата агонија е завршена. Конечно моето семејство и јас успеавме да го најдеме својот мир“, му рекла Цеца на свој добар пријател по спогодбата со српското обвинителство, пишува весникот “Курир“. Според објавеното таа до крајот на годинава нема да настапува никаде и ќе се повлече од јавноста

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi