Жителите од едно мало шпанско село Гранен овие денови ја доживуваат вистинската среќа и еуфорија, бидејќи освоиле џекпот на најзпонатата шпанска божиќна лотарија „Ел Гордо“.
Оваа лотарија во Шпанија се игра повеќе од 200 години, а за жителите на оваа земја тоа е најдобрата предбожиќна забава. Овој пат наградниот фонд изнесуваше 2 милијарди евра, а наградите се поделија на добитници низ целата земја. Сепак, поголемиот дел од наградените потекнуваат токму од ова село, а вкупно освоија 700 милиони евра.
Среќните селани излегуваа на улици за да ја прослават освоената награда.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ahP_auBIxtk