Цената на нафтата непрекинато расте

8 април, 20110
o
Цените на нафтата денес достигнаа најголем пораст во последните две и пол години поради немирите во арапскиот свет. Во Азија цената на нафтата скокна за 0,4 отсто на 124 долари по барел. Цената на барел нафта на берзата во Њујорк денеска се искачи над 110 долари.
Цената на “црното злато“ расте поради загриженоста дека немирите во Либија и Блискиот Исток ќе доведат до намалување на понудата на пазарот. Либија е 17-та по ред во производство на нафта во светот, а извозот од земјата е запрен поради немирите што траат веќе неколку недели.
Од друга страна, побарувачката за нафта расте. Земјите во развој се’ повеќе ја зголемуваат побарувачката поради  поголемата потреба од нафта за се’ поголемиот индустриски сектор.
ММФ предупредува дека јазот меѓу понудата и побарувачката на нафта уште повеќе ќе ја зголемува цената на светскиот пазар.
“Постои ризик повторно да се зголеми разликата меѓу понудата и побарувачката, па цените на нафтата ќе растат брзо“, рекол експерт од ММФ и додал дека пазарот ќе се соочи со се’ поголем недостиг на нафта, што го потврдува и фактот дека компаниите не можат да пронајдат нови извори на нафта.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi