Актерот Чарли Шин, чиј лик од познатата серија „Два и пол мажи“, Чарли Харпер, умира во почетокот на сезоната, открил дека ќе си го гледа својот лажен погреб.
Контроверзниот актер, кој беше исфрлен од шоуто поради неколку скандали, го глумеше Чарли Харпер, лик кој на почетокот на новата сезона умира, а на неговиот погреб се појавуваат неговиот брат Ален, внукот Џејк и сите поранешни девојки со кои бил.
Шин изјавил за „ТМЗ“ дека на 19 септември денот кога треба да се емитува епизодата тој ќе ја гледа : “мојот лажен погреб, на кој ќе присуствуваат моите лажни поранешни девојки, планирам да ги гледам од свооето големо домашно кино, со реални убавици до мене“.
Инаку, новата сезона на оваа хит серија требаше да ги следи случките на Чарли Харпер и неговото семејство додека се на одмор во Париз, но караницата меѓу актерот и продуцентот Чал Лор ги измени сите планови. Па така, сега откако ќе почине Харпер, неговиот стан ќе биде купен од млад агент Ештон Качер, а Ален и Џејк ќе останат да живеат со него.