Пред извесен период се појавија гласините кај скоро секој социјален медиум кој постои, дека крвта престанала да циркулира во вените на Чарли Шин и дека актерот всушност е мртов.
И колку и нереално тоа да звучи, ова е Шин за кој ние зборуваме. Ако научивме нешто во последната година, тоа е дека кога се работи за поранешната ѕвезда на „Two and a Half Men“, кој како додаток на многу други таленти се здоби со репутација дека може да ја прелаже смртта во бројни случаеви, тогаш се е возможно.
Значи, дали колекционерот на божици на крајот ја реализираше својата смртност или ова е само една голема врева? Дали Чарли Шин навистина е мртов? Овие гласини се…Толку неточни! Очигледно.
За ова да го потврди Чарли директно им се обрати на своите фанови на Твитер, каде напиша: Бидете сигурни, врколакот е добро и жив е!
Што ги започна овие гласини? И зошто беше инволвирана карпата на периферијата на Нов Зеланд, вообичаеното место за смрт на лажните загинувања на познатите?
Во денот кој изминува, насловите за смртта на Чарли Шин најчесто почнуваа со „RIP!“ или „Breaking News“ почнаа да се шират по Twitter и Facebook, и повеќе или помалку ја поврзуваа смртта на Шин со срцев удар или едноставно пишуваа дека смртта го нашла во неговата куќа. За несреќа, еднаш кога ќе притиснете на линковите, јузерот ве носи на клонирана страница на YouTube каде на што и да притиснете дел е од вирус кој го инфицира компјутерот на корисникот и се шири на нивниот Facebook профил.
Така да добрите вести се: Чарли Шин не е мртов. Лошите вести се: ако мислевте дека е, веројатно добивте компјутерски вирус.