Цеск Фабрегас од Арсенал страда поради долгата сага околу преселбата во редовите на европскиот и шпанскиот првак, Барселона.
Чави изјавил дека неодамна разговарал со својот другар од репрезентацијата на Ибица и дека тогаш му признал дека сака да дојде во Барселона.
“Тој страда и сака да дојде овде. Тоа е она што најмногу го сака и прави се да се пресели меѓу нас. Тој сака Арсенал да му дозволи да замине.” – рекол Чави.
Арсенал одби неколку понуди од европскиот првак за Фабрегас, но Барселона наводно подготвува уште една понуда.
Лондонскиот клуб минатата година одби понуда од 40 милиони евра, како и нешто помалку од тоа годинава.
Тренерот на Арсенал изјави дека клубот “силно ќе се бори” да го задржи 24-годишниот креатор на играта.
Извор: Спортнет