Cheryl Cole и Ashley Cole се смириле, така објави магазинот Heat. Таа повторно го ставила вереничкиот прстен, што ја потврдува веста и значи дека му дала втора шанса на бракот. Инаку тие се разведоа минатата година, но и во меѓувреме се пишуваше дека се гледаат тајно.
Сега не се кријат од јавноста. Cheryl била во посета на мајката на Ashley, што е знак дека таа е повторно дел од неговото семејство.