Чесите ќе се пензионираат на 73 години

popara27 јуни, 20111min00
3803041195_b2e4da728d
Чешкиот парламент денеска одобрил зголемување на старосната граница за пензионирање на дури 73 години, што е за цели 18 години повеќе отколку што предвидувале претходните законски норми, објави Итар-Тасс, пренесува Нетпрес.
Големо негодување за новиот закон имало меѓу социолозите во оваа европска земја, чиј став бил дека голем број Чеси никогаш нема да доживеат да добијат пензија. Според статистичките податоци, моментно просечниот животен век на Чесите е 72 години за мажите, а 74 години за жените.
Конечната одлука за стапување во сила на новиот закон е на чешкиот претседател, кој треба да го потпише за тој биде функционален. Така наречената мала пензиска реформа, поддржана во парламентот од владејачката десничарска коалиција, предвидува постепено зголемување на возраста за пензионирање, како и изедначување на правата на мажите и жените. Според чешките закони, жените во оваа земја добиваат гратис една година стаж за секое родено дете.
Чешкиот министер за труда и социјала, Јаромир Драбек, рекол дека ситуацијата сепак не е толку критична.
“Треба да се потенцира дека луѓето ќе заминуваат во пензија на 79-годишна возраст дури по 55 години. Така предвидува динамиката на законот за постепено зголемување на возраста за пензионирање. Направете споредба на зравствената состојба, работоспособноста и животниот век на луѓето пред 55 години и сега. Претпоставувам дека ќе се зголемат работоспособноста и животниот век на луѓето во следните декади“, рекол тој.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag