Како да одолеете на шармантната и сексипилна чипка , која одлично одговара на вашето тело?! Жените се импресионирани од чипката и настојуваат да ја носат во секоја пригода. Таа е популарна во сите форми и облици, од чанти и чевли покриени со чипка до чипкани фустани, здолништа, па дури и мантили.
Чипката е материјал кој ја прави секоја жена женствена и софистицирана. За оние кои сакаат чипка имаме добри вести – таа повеќе не е наменета само за вечерно излегување. Можете да ја носите и во текот на денот, па дури и на работа.
Мадона прва започна да носи парчиња комбинирани со чипка, а потоа почнаа да ја следат и други познати дами, но тоа никој не го направи како Лејди Гага во оној прекрасен фустан. Блејк Ливли носеше сличен фустан кој ја покажуваше нејзината одлична фигура. Од колекцијата на Стела Мекартни, Рејчел Адамс носеше фустан во комбинација со црвени чорапи. За доделувањето на американските музички награди, Џенифер Лопез носеше црно одело и рамни кондури од чипка.
Како што гледате чипката е во секоја колекција оваа сезона. Малку е незгодна за носење, бидејќи може да ве направи ефтина и лесна девојка, доколку не ја искомбинирате правилно.
Кога ќе се одлучите да облечете чипка имајте на ум две основни работи: немојте да носите чипка од глава до пети, може да изгледате невкусно и модните додатоци нека ви бидат минимални.
Чипката е деликатна, романтична и мистериозна.Покрај тоа, многу е модерна оваа сезона. Значи драги девојки и жени, пронајдете чипкано парче во вашиот плакар и изгледајте одлично!