Иако изминатата недела Facebook ги држеше насловите во Техноклик, паралелно во исто време младиот и силниот конкурент Google + масовно освојува нови корисници.
Сега, засега Google + има 43,4 милиони корисници, според информациите на Пол Ален, коосновачот на веб порталот Ancestry.com и неофицијалниот статистичар на Google +. Околу третина од оваа бројка на корисници се приклучиле на друштвенава мрежа уште во првите неколку дена, откако Google + е отворен за широка намена.
Во почетокот на јули, Google + имал 10 милиони корисници, како што и Google-овиот CEO Larry Page информирал за истата работа во еден разговор со инвеститорите.
Од 20 септември, повеќе не ви е потребна покана за да се регистрирате на Google + социјална мрежа.
„Стапката на раст е во подем, како што беше и во првата недела на тестирањето“, пишува Ален
Според бројките, околу 30 % од корисниците се придружиле на Google +, за само два дена од кога овој сервис официјално е достапен за сите.
Нестрпливоста за официјалните бројки на Гугл+ (од кога е достапен за сите) расте, а несомнено е дека на Facebook не му е сеедно. Па што ќе биде следно останува да покаже времето.