Полициските инспектори во јужна Шпанија уапсиле да уапсат еден од водечките членови на италијанската мафија, откако неговата девојка на социјалната мрежа “Фејсбук” поставила нивни фотографии, кои им помогнале на полицијата да заклучи каде се наоѓа бегалецот.
Салваторе Давино (39), член на кланот Џулијано, еден од најмоќните мафијашки кланови во Неапол, бил уапсен во туристичката област на Марбела, а полицијата изјавила дека тој со години, се криел во Мароко, известува италијанската агенција АНСА.
Се верува дека Давино пред неколку денови дошол со брод во Шпанија заедно со неговата девојка која е бремена.
Таа на својот “Фејсбук” профил поставила неколку фотографии на кое се гледало место каде се наоѓал парот, додека полицијата веднаш реагирала и брзо го фатила бегалецот, точејќи гориво на бензиска пумпа.
Полицијата во 2003 и 2007 година, издала налог за апсење за Давино, кој бил меѓу 100-те најбарани криминалци во Италија.