Пејачката и писателка Синди Џексон успеала да влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој досега имал направено најмногу пластични операции на своето тело. Таа во Гинис влегла во 2000 година и тој рекорд се уште е официјален и ден денес. Синди од 1988 година па се до денес има направено 61 пластична операција. Во прилог ќе ви наброиме неколку од нејзините зафати: Две операции за затегање на лицето, две корекции на носот, две корекции на очите, една операција на колено, операција за затегнување на половината и стомакот, корекција на вилицата, усните, образите и градите и многу други.