Одамна е познато дека во Европа постојат тунели, чие потекло е тешко да се објасни. Уште пред два века научниците успеале да навлезат во нив и да ги направат првите истражувања. Оттогаш наваму се откриени безброј тунели и подземни соби.
Некои европски земји едноставно се поврзани од катакомби на длабочина од 20-30 метри. При тоа тунелите на некои места се поврзани едни со други со помош на дополнителни ходници. На тој начин се добива гигантска подземна мрежа која се протега од Шкотска, минувајќи под крајбрежјето на Франција и достигнува дури до Турција.
Кој го изградил овој чуден подземен систем? Кога бил создаден? Овие прашања и во моментов остануваат без одговори.
Германскиот археолог Хајнрих Куш во една од своите книги нуди ваква верзија за појавата на тунелите: „Можно е системот да настанал во каменото доба – пред повеќе од 12 илјади години“ – повеќето од тунелите според него се наоѓаат непосредно околу живеалишта на античкиот човек. Куш вели дека во древноста подземните тунели биле многу поголеми од оние кои се пронајдени. Со време некои од сводовите на тунелите се урнале, освен тоа е можно други делови се уште да не се откриени од археолозите.
Која била целта да се копаат тунели со таква спектакуларна должина?
Според научниците нивната намена била едноставна – заштита од многубројни непријателии грабливците. Древните луѓе привремено се криеле во овие катакомби. Но не може да се каже со сигурност дека овие тунели биле постојано место за живеење.
Но, многумина се сомневаат во наодите на германскиот научник. Според некои, тунелите е невозможно да се создадени во камено доба. Според противниците на Куш овие таинствени подземја се создадени далеку подоцна. Доказите не одат во прилог на верзијата на Куш, ниту пак на неговите противници.
Постојат дури и такви екстравагантни верзии како тие дека сите овие тунели се прокопани од џуџиња, за кои толку многу е напишано во фолклорни дела. Австријците дури ги нарекуваат овие тунели дупките на џуџињата. Оваа верзија е прифатлива поради дијаметарот на тунелите – 70 сантиметри што одговара за движењето на овие фантастични суштества.
Во ниту еден историски документ не е пронајдено споменување макар и за еден тунел со таков дијаметар. Можно е тунелите да биле строго чувана тајна. Поради сето ова, споровите околу тунелите не престануваат ниту меѓу научниците, ниту меѓу љубителите на мистериите.