Девојчето Ухуд од Саудиска Арабија преку ноќ успеало да стане момче. Поточно, таа почуствувала силна болка во пределот на стомакот, и кога ја однеле на лекар дознала дека нема матка.
По седум дена, болката полека престана, а на девојчето почнало да и расте машки полов орган, пишува Emirates 24/7. Родителите веднаш и го смениле името, и сега место Ухуд се вика Муад, и сега место да посетува женско училиште, посетува машко.
Таткото, Ахмед Хасан одамна забележал дека на неговата ќерка не и растат гради, а соседите се жалеле дека девојчето се однесува како машко. Секогаш си играла со своите браќа, а речиси никогаш не играла со сестрите, изјавил таткото.
Наставниците во училиштето постојано се жалеле дека Ухуд е темпераментна и непослушна, сега им е познато зошто.