ВИДЕО: Ја исфрлил од своето такси возило и кутрата жена се породила на улица.

27 септември, 20110
y

Ана Белис Хернандез се породила на улица, бидејќи несовесен таксист ја исфлил на улица.
Жената се возела во такси, кога почуствувала силни контракции, таксистот тоа го увидел, и место да и помогне на Хернандез, тој застанал и ја исфлил на улица бидејќи не сакал да си го извалка автомобилот.
“Ја соблеков блузата и го завиткав бебето, потоа и кошулата за да му ја обвиткам главата. Многу се испалшив да не му се случи нешто на бебето. Никој не сакаше да застане и да ми помогне”, изјавила младата мајка.
Еден од минувачите сепак застанал и повикал прва помош. Кога пристигнало амбулантното возило, веднаш ја пресекле папочната врвца и мајката и бебето биле транспортирани во болница.
Полицијата трага по таксистот кој ја исфрлил бремената жена на улица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi