Подготовка:
Жолчките и шеќерот се матат, се додава стопен путер и чoколадо, брашното се меша со прашокот за пециво и на крај се додаваат изматените белки од јајцата. Целата смеса заедно ја печете околу 20 минути на 180С.
Слатката павлака, чоколадото и шеќерот се загреваат на тивок оган и мешате додека не зоврие.
Испечениот пандишпан избоцкајте го на неколку места со виљушка и додека е уште топол прелијте го со топлиот фил. Тортата оладете ја прво на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер да се стегне за неколклу саати.
Послужете ја со слатка павлака.
Состојки:
- 4 јајца
- 100гр шеќер
- 200гр маргарин
- 100гр чоколадо за готвење
- 4 лажички брашно
- 1 прашок за пециво
За фил:
- 5оомл слатка павлака
- 200гр чоколадо за готвење
- 1 лажичка шеќер
One comment
Elena
8 декември, 2012 at 23:17
Receptot e predobar. nekolku pati go imam praveno. Problemot e vo toa sto ima greska vo receptot kade veli deka topol fil treba da se isturi vrz topliot pandispan. dokolku se napravi ova, celiot fil ke se upie vo pandispanot, i nema da ostane nisto odozgora. zatoa tie treba da bidat malku podoladeni,
Inaku jas upotrebiv kvalitetno crno cokolado i puter namesto margarin(takov e i originalniot recept). Vkusot bese fenomenalen.