ЦИА виновна за 11/9?! Лоши сведоштва на Ричард Кларк, екс ЦИА агент!

19 август, 20110
cia

Ричард Кларк, поранешен агент во администрацијата на Џорџ Буш и Бил Клинтон, тврди дека ЦИА регрутирала терористи кои го извршиле нападите во Њујорк на 11 септември 2001 година, и цело време тоа го држела во тајност!

– Тие ги криеле сите информации од Белата куќа и од ФБИ, рекол Кларк во новиот документарен филм, направен по повод 10-годишнината од нападите на Светскиот трговски центар и Пентагон. Кларк за главен виновник го посочил поранешниот директор на ЦИА, Џорџ Тенет.

Тенет веднаш ги негирал сите обвиненија од страна на неговиот поранешен пријател и соработник, особено оние што се однесуваат на намерно криење на информации од Белата куќа и ФБИ.

Кларк тврди дека ЦИА знаела за двајцата саудиски терористи, Наваф ал Хазми и Ал Мидхар Калидо, кои биле на американска територија, и дека таа информација никогаш не бил доставена до претседателот на ФБИ, кој е одговорен за сигурноста на американската територија. Тие двајца подоцна ги удриле авионите во зградата на Пентагон.

– Терористите живееле во Јужна Калифорнија, и знам дека ЦИА се обидела да ги регрутира да дејствуваат како нејзини агенти во Ал Каеда. Откако обидот им пропаднал, тие не го известиле претседателот на ФБИ, поради страв да не бидат обвинети дека лошо си ја вршат својата работа, изјавил Кларк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi