Цитрусна диета за брзо слабеење

29 октомври, 20110
citrusFruit

Познато е дека цитрусните овошја се одлични за брзо слабеење и дека се чувари на добрата линија. Со оваа цитрусна диета не само што ќе ослабнете пет килограми за само неколку дена, туку и ќе се ослободите од мастите и ќе го спречите повторното формирање на масти.

Повеќето диети бараат подолг период на спроведување и голема дисциплина, но со цитрусната диета за кратко време ќе се ослободите од вишокот килограми. Оваа диета се базира на овошни киселини, ензими и витамини кои го забрзуваат метаболизмот и го топењето на масти.

Цитрусните овошја, како портокалите, цитроните и мандарините се богати со антиоксиданси и го освежуваат и зајакнуваат имунитетот. Тие традиционално се конзумираат во зима, па оваа диета е совршена доколку треба да ослабнете овој период.

Правилата на оваа диета се едноставни. Во текот на седум дена дозволено ви е конзумирање на цитрусни овошја и сок од цитрусни овошја во неограничени количини, како и 4 парчиња интегрален тост дневно. Дозволено е конзумирање и на зеленчукова супа, но сета останата храна е забранета.

Иако изгледа малку ригорозна, оваа диета воопшто не е тешка, а со неа ќе се ослободите од акумулираните масти од телото и крвта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi