Научниците за прв пат успеале да видат неверојатна глетка на космички зраци исфрлени од супермасивна црна дупка, откако уништила и проголтала ѕвезда. Ова е многу редок феномен во вселената каде што црната дупка “јаде” остатоци од ѕвезди, досега нешто невидено.
Високо-енергетски честички кои се движат со брзината на светлината, зрачејќи со огромна енергија на Х и на Гама-зраци, успеваат да избегаат од малиот средишен дел на црната дупка, во вид на зраци, познати како “релативистички зраци.” Поради големата количини на енергија овие зраци можат да се протегаат во должина и до неколку светлосни години.
Механизмот за настанување на овие зраци, научниците се уште се обидуваат да го разјаснат, но очигледно е дека насоката на зраците ја овозможува ротационата оска на црната дупка. Поголемиот број на галаксии во средишниот дел имаат супермасивна црна дупка чија маса се мери во милиони, па дури и милијарди сонца.
Научниците овој феномен го забележале во март годинава, кога телескопот на НАСА снимил блесок на неколку Х-зраци во релативно мирен дел на небото.
– Хемиската анализа на светлосниот блесок со ултравиолетова светлина укажува на тоа дека потекнува од материјал кој го привлекува црната дупка со големина од милиони пати поголема од големината на нашето Сонце – изјавил Дејвид Бароус од Универзитетот во Пенсилванија.
Интересно е да се напомене тоа дека изворот се уште емитува Х-зраци, и веројатноста е голема да тие зраци можат да се набљудуваат и цела година, изјавил Бароус.