Цвеќињата и нивното значење…

14 ноември, 20110
cveke

Сите ние често пати знаеме да подариме цвеќе на нашите девојки, мајки, пријателки… Но, дали ја знаеме нивната симболика?!

Рози

Постои причина зошто се тие најпопуларен избор на цвеќе во секоја пригода, а особено на свадбите. Белите рози ја симболизираат невиноста, убавината и шармот, црвените рози испраќаат порака на страст и разгорена љубов. Темнорозовите рози се користеле за изразување на благодарноста, додека розите во крем боја ја симболизираат верноста и лојалноста во бракот.

Лале

Лалињата се симбол на бесмртна љубов, па затоа ако планирате венчавка на пролет, не постои подобар начин да ја изразите својата љубов кон вашиот иден сопруг/а од тоа да носите букет од лалиња.

Хризантеми


Тие се омилено цвеќе на многумина, иако поретко се користат како подарок. Малкумина знаат дека токму хризантемите ја симболизираат романтиката и невиниот, чист дух.

Антуриум


Антуриумот во силно црвена боја симболизира желби за добро здравје и животна сила. Слично значење има и антуриумот во бела или розова боја, кој исто така симболизира нежно пријателство.

Орхиеја


Орхидејата во саксија, како гранка или пак како поединечен цвет се знак на длабока почит и пријателство и со нив се изкажува со нежност и приврзаност.

Кали


Калите се префинети цвеќиња кои потсетуваат на минатите генерации кога префинетоста и убавината биле строго правило. Поврзани со елеганцијата и шармот, калите се совршен цвет за создавање на софистицирана атмосфера.

Јоргован


симболизира простување и тага во љубовта.Според некое верување, јоргованот побелел откако некој го оставил на гробот на девојка која се самоубила поради невозвратена љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi