Дафи се повлекува од музичката сцена

24 февруари, 20110
duffy

Во соопштението дадено од портпаролот на Дафи, стои дека таа ќе се повлече од музичката сцена, и ќе биде потребно време за да се размисли каков да биде следниот нејзин албум.

Меѓутоа извор близок на пејачката вели дека причината е, разочараноста на Дафи по катастрофалната продажба од последниот сингл “Well, well, well”. Таа продаде само 4.000 копии од истиот. За разлика од претходниот албум “Rockferry” за кој освои една Греми и три Брит награди. Додека пак за синглот “Mercy” беше првата пејачка која има 25 години, а направила толкав хит.

Сепак, таа ова ќе го искористи за да се врати на мирниот живот кој го имала порано со своето момче Мајк Филипс. Блиски извори на Дафи велат дека таа сака деца и живот кој е далеку од јавноста.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi