Оние кои го посетиле ова божествено место никогаш не престанале да го раскажуваат на своите пријатели. Daintree EcoLodge & Spa е вистински праисконски рај во сред џунгла. Милијарда колиритети, звуци кои ви го зашеметуваат умот, флора и фауна како никаде на друго место,токму во срцето на Австралиските прашуми.
Овие еко-колиби, изградени високо во најстарата жива прашума. Ако можете да се одделите од третманите кои се одвиваат надвор и кои вклучуваат древни третмани за лечење на Абориџините, тогаш би можеле да се пријавите и за хеликоптерско разгледување на блискиот гребен – единственото место на земјата каде прашума и гребен се допираат.
Како дел од Daintree EcoLodge & Spa во Квинсленд, ресторанот Julaymba ги носи патниците во срцето на најстарата прашума во светот. Терасата со 40 седишта плови во лагуната со слатка вода, надвисната од завеса со винови лози и крошни дрвја. Од сите страни се слуша појот на околу 430 видови птици, крекањето на три видови жаби, гукањето на дивите мисирки и топотот на торбарите низ грмушките. Но, тука не е автентичен само саундтракот, туку и австралиското мени, кое вклучува домородна храна користена од локалното Абориџинско племе Куку Јаланџи, од кои многумина работат во ресторанот. Однесувајте се како локалец и нарачајте или чаден крокодил, или стек од кенгур.
Спектакуларно!!!