Далас го елиминира Лејкерс и го испрати Џексон во пензија

9 мај, 20110
mavs_lakers

Далас со 4-0 триумфираше во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА лигата, но начинот на кој тоа го постигна беше посебно импресивен.Во четвртиот меч Маверкси ги прегазија Лејкерси и на Фил Џексон му нанесоа тежок пораз во последниот меч од неговата долга кариера, испраќајќи го така легендарниот тренер во пензија со не баш пригоден подарок.

Наместо Дирк Новицки кој до сега го предводеше Далас и кој овој меч го заврши со за него скромни 17 поени, Маверикси изминатата вечер ги предводеше Тери со 32 поени (9-10 тројки), Баре со 22 и Стојаковиќ со 21 поен (6-6 тројке).

“Далекуметната артилјерија” на Далас функционираше перфектно, па е израмнет рекордор во НБА плеј офот по бројот на уфрлени тројки (20). Резултатот на семафорот и немоќта Лејкерс предизвикаа груба игра поради која прво Ламар Одом поради која на почетокот од последниот период беше исфрлен од игра по прекршокот над Новицки, за само минута подоцна и Ендрју Бајнам да биде испратен во соблекувалната по грубиот старт над Баре.

Далас така по четврти пат се пласираше во финалето на Западната конференција каде ќе игра за влез во големото финале против подобриот од дуелот меѓу Мемфис и Оклахома Сити. Мемфис води во серијата со 2-1.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi