Џабе не рекле дека шминката чуда прави. Епа еве ви и доказ за тоа:
Актерката Џесика Алба, фотографирана додека излегува од фитнес центар, кој редовно го посетува за да се врати во форма по породувањето.
Повторно Џесика, овојпат нашминкана и во топ форма.
Ѕвездата од реалното шоу Кристин Кавалари без никаква шминка.
Повторно Кристин Кавалари, овојпат ептен „дотерана“.
Пејачката Аланис Морисет, која без шминка изгледа како „баба“.
Аланис Морисет на настап, со минимална шминка која значително ја подмладува.
Актерката Америка Ферера, која ја игра улогата на „Грдата Бети“, навистина е грда без шминка. Ама гајле нема, и на концертот на Адел се појавила во вакво „страшно“ издание.
Повторно Америка Ферера, овојпат во „подотерано“ издание заедно со својот сопруг.
Тинејџерската атракција Мајли Сајрус без шминка делува како обична тинејџерка.
Мајли Сајрус/ Хана Монтана изгледа 10 години постаро кога ќе се нашминка.
Кој има време за шминка кога треба да се грижи за своето бебе? Сигурно не актерката Кејт Хадсон…
Повторно актерката Кејт Хадсон, овојпат во прекрасно издание иако е во седмиот месец од бременоста.
Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Румер Вилис навистина има природна убавина, дури и кога ја гледаме без шминка.
Младата актерка Румер Вилис навистина изгледа фасцинантно кога ќе се појави на било каков настан во гламурозно издание.
Пејачката Џесика Симпсон е навистина непрепознатлива без шминка.
Повторно Џесика Симпсон, овојпат „скоцкана“ од глава до пети.
Риси Витерспун изгледа страшно без шминка, како што може да видите од оваа папарацо фотографија.
Но кога е на црвениот тепих, актерката Риси Витерспун едноставно зрачи со својата „нашминкана“ убавина.
Калиста Флокхарт изгледа природно и навистина младо кога е без шминка.
Актерката Калиста Флокхарт никогаш не става премногу шминка и секогаш изгледа одлично на сите свечености.
Ако ја видите актерката Деби Мазар без шминка, Ве предупредуваме дека може да се исплашите.
Ова повторно е Деби Мазар, и овојпат со шминка барем личи на човек.
Ова е актерката Џулија Робертс, која важи за една од најубавите жени на светот. Погледнете ја без шминка, па одлучете дали спаѓа во таа категорија.
Мора да признаеме дека кога Џулија Робертс ќе се појави на некоја свеченост, многу луѓе, особено мажи, остануваат без здив.
Жал ми е што на некого ќе му ја уништиме фантазијата, но ова е вистинската Памела Андерсон, без грам шминка на себе. Ја препознавате?
Е веќе ја препознавате, да тоа е Памела Андерсон што сите ја знаеме.
Ова е една од ретките папарацо фотки на кои можеме да ја видиме „природната убавина“ на Џенифер Лопез.
Повторно Џенифер Лопез, овојпат дотерана и во улога на судија на американскиот „Идол“.
Актерката Брук Шилдс и без шминка е навистина убава.
Со шминка и гламурозен фустан, Брук Шилдс ги остава сите без здив.
Ѕвездата од серијата „Сестра Џеки“, Еди Фалко е непрепознатлива без шминка. Буквално може да помине покрај Вас и да не ја препознаете.
Актерката Еди Фалко, на доделувањето на Тони наградите во сосема друго издание.
Ким Кардашијан, со или без шминка, мора да признаеме дека има природна убавина.
Кога ќе се нашминка, Ким Кардашијан е вистинска убавица.
Ова е Џесика Алба непосредно пред да се породи. Навистина нема причина да се шминка кога во секој момент очекува да и пукне водењакот, нели?
На свеченоста во Метрополитен музејот во Њујорк, Џесика Алба навистина изгледаше како принцеза.
Младост си е младост, па актерката Хилари Даф немора да се шминка за да изгледа убаво.
Повторно актерката Хилари Даф, во гламурозно издание на свеченост во Беверли Хилс.
Ова е актерката Сали Фиелд. Пред да помислите било што, само да ви кажеме дека има 64 години. Не изгледа лошо за „старка“ нели?
Кога ќе се „дотера“, Сали Фиелд изгледа како да има барем 20 години помалку.
Пејачката Шерил Кроу нема време за шминкање кога треба да се грижи за својот син.
Но кога ќе најми дадилка, Шерил Кроу, со помош на малку шминка, доживува тотална трансформација.
Моделот Џејми Кинг, кога не носи шминка е како обична девојка од соседството.
Но затоа, кога ќе се нашминка, Џејми Кинг е вистинска дива.