Дали го украл не знајме, ама ќе го вратит саконо – гарант! Докторот на Мајкал Џексон – лопов!

popara18 август, 20111min00
naslovna

Докторот на Мајкл Џексон есенва ќе мора да иде на шопинг. Иако д-р Ерни Клајн се надеваше дека ќе го добие назад своето сако вредно 10.000 долари, за кое тврди дека му го позајмил на покојниот пејач, сепак неговото барање било одбиено.

Клејн тврди дека му го позајмил сакото од брендот Gianfranco Ferre на Мајкл Џексон непосредно пред тој да почине, но компанијата која раководи со имотот на покојниот пејач не сакала ни да слушне да го врати назад.

Докторот не е единствената личност која остана без своето сако. Компанијата одбила да исплати долговите кон адвокатот на покојниот пејач во висина од три милиони долари, долговите на неговиот сметководител во висина од 60.000 долари, како и други долгови во висина од околу 350.000 долари.

На Клејн сепак му останува избор, или шопинг или суд. Останува да видиме дали докторот е „стипса“ и ќе се бори на суд за обично сако вредно само 10.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag