Лоповите си ја “бркаат работата”:) го опљачкаа и Ѓоковиќ во Монте Карло!

18 август, 20110
Novak Djokovic of Serbia returns a shot

Станот на најдобриот тенисер во светот предсиноќа бил ограбен во Монте Карло!

Како што пишува порталот Пулсонлајн, во станот кој го поседува Ѓоковиќ, освен скапоцен мебел, немало други вредни работи.

Останува непознато како провалниците успеале да влезат во станот, и дали направиле материјална штета. Тие се надевале дека ќе се офајдат од човекот кој за две години успеал да заработи осум милиони долри. Но изгледа се прерачунале.

Станот во Монте Карло е купен во 2005 година, кога Новак станал и државјанин на Кнежевството Монако.

Се разбира, тоа е направено поради даночните бенефиции кои ги има Кнежевството. Тој покрај станот купил и луксузна вила во Монте Карло. Таквиот потег и не е за изненадување, бидејќи тој таму живее со својата девојка Јелена Ристиќ, па сакал да има и посебена куќа.

Ова е само уште една од серијата непријатности што Ѓоковиќ ги претрпе во последно време. Пред неколку дена во Будва исчезнал неговиот мал Малтезер, но за среќа бргу го пронашоле. Исто така, семејството Ѓоковиќ имале проблем при влез во хрватските води.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *