Дали јадеш или слушаш музика исто ти е! :)

30 август, 20110
muzikahrana

Музиката создава исто чувство како и храна

Кога ја слушате вашата омилена музика доаѓа до зголемена секреција на хормонот допамин, кој го стимулира чувството на задоволство, слично на онаа предизвикано од омилената храна.

Музика предизвикува чувство на задоволство исто како храната, тврдат истражувачите на Универзитетот во Монтреал. За потребите на истражувањето тие избрале осум доброволци од 19 до 24 години, кои тврдат дека кога слушаат музика имаат екстремено чувство на задоволство.

Експертите ги приклучиле волонтерите на специјален скенер за мерење на количината на хормонот допамин, како и отчукувањата на срцето, температурата на телото и дишењето.

Додека волонтерите ги слушале омилените песни имало зголемена секреција на допамин во така наречениот стриатум, која се наоѓа во предниот дел на мозокот.

Ваквите промени, сепак, не се случиле кога на волонтерите им била пуштена музика за која особено не ми се допаѓа. Со анализирање на нивното однесување, научниците одлучиле да дознаат зошто луѓето, без оглед на културата, имаат силна потреба да слушаат музика.

Се покажало дека музиката на Моцарт особено има позитивен ефект на релаксација на мозокот. Испитаниците, на кои им бил пуштен овој брилијантен музички композитор, покажале повисока интелигенција во споредба со пациентите кои слушале модерна музика.

Тоа е затоа што музиката на Моцарт има уникатни математички модели кои го активираат логичкиот дел од мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma